(Видео) K8: Проф. Минчев и проф. Андонов за светот денес и утре
Во најновата епизода на македонско-бугарскиот поткаст „Коридор 8“ гостуваа професорите Огнјан Минчев од Бугарија и Оливер Андонов од Република Северна Македонија. Двајцата интелектуалци и општественици зборуваа за ситуацијата во светот- војната во Украина, улогата на американскиот претседател Трамп во решавањето на овој вооружен конфликт и се разбира за местото на РС Македонија и Бугарија во геополитичката карта на светот.
Што се крие позади предлогот на Вучиќ за комплетна интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ и колку издржан е овој предлог, ќе дознаете, ако ја погледнете најновата 270 епизода на „Коридор 8“ македонско-бугарската седенка.
