| |

(ВИДЕО)КАРАКАЧАНОВ СО ПОДДРШКА ЗА ОТВОРЕНОТО ПИСМО НА КЦ „ИВАН МИХАЈЛОВ“ ОД БИТОЛА

Министерот за одбрана и под претседател на бугарската Влада, Красимир Каракачанов го поддржа отвореното писмо на КЦ „Иван Михајлов“ од Битола, во кое членовите на оваа организација бараат олеснување на процедурата за добивање на бугарско државјанство на македонски граѓани кои на пописот што треба да се одржи кај нас, ќе се попишат како Бугари.

„Барањето е сосема нормално, ако некој веќе се декларирал како Бугарин пред институциите во РС Македонија, зошто треба да чека според обичната процедура“, изјави Каракачанов во емисијата „Брисел 1“ на бугарската телевизија BGONAir.

Бугарскиот министер додаде уште дека неговата партија веќе дала предлог процедурата за добивање на бугарско државјанство да биде олеснета за луѓето од Македонија, Западните покраини, Украјна и Молдова, кои себе си се идентификуваат како Бугари.

Во врска со претстојните избори во Бугарија и како нивниот резултат ќе влијае на односите меѓу Бугарија и РС Македонија, Каракачанов е дециден дека што и да се случи на изборите, нема да има промена во барањата на Бугарија кон нашата земја.

„Без оглед на политичката конфигурација во Бугарија по изборите, дали во владата ќе доминира ГЕРБ или БСП, дали ВМРО ќе учествува во владата или не, убеден сум дека нема да има бугарска партија што ќе ги предаде бугарските национални интереси. Ова е глупоста во Скопје тие сметаат дека со трикови, со надворешен притисок врз Бугарија, можат да продолжат да ја водат оваа антибугарска политика, која ја водат со децении, наместо чесно, искрено, да имаат нормален дијалог, а не дијалог со обиди за надмудрување “, коментира Каракачанов.
“Тие не можат да не надмудрат од една едноставна причина – тие тропаат на вратата на ЕУ, ние мора да ја отвориме таа врата. Нема шанси да не излажат. Тие можат да изберат да имитираат активност уште 20 години, или во рок од половина година или за една или две години да седнеме и да ги решиме овие контроверзни прашања “, вели бугарскиот вицепремиер Каракачанов.



Слични Објави