|

СДСМ: Вистински паразит е Мицкоски, земал 50.000 евра од граѓаните за две години

Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е партија на паразити.

Тие велат дека во партијата со години земале државни пари и се богателе на сметка на граѓаните кои тогаш тонеа во долгови и сиромаштија.

„Прв и главен меѓу вистинските паразити е Христијан Мицкоски.

Како најнеуспешниот директор и претседател на Управниот одбор на некогашен АД ЕЛЕМ за само десет месеци, во периодот од септември 2016 до август 2017 година, од буџетот инкасирал над 1,9 милиони денари или над 31.000 евра.

Како советник на Никола Груевски и Емил Димитриев за енергетика во периодот од април 2015 до октомври 2016 година, секој месец добивал хонорар од 1.100 евра или за вкупниот ангажман Мицкоски добил околу 50.000 евра пари од граѓаните.

Сето ова се случува во периодот кога цената на струјата се зголеми за 100 отсто без при тоа да има каква било светска криза, во период кога не се изгради ниту еден сериозен енергетски капацитет.

Еве кои се вистинските паразити кои на грбот на граѓаните примале огромни месечни приходи народни пари, со години“, велат од СДСМ.



Слични Објави