(ВИДЕО) КИНЕСКИ „МЕКДОНАЛДС“ ЗАБРАНИЛ ДА ВЛЕГУВААТ ЦРНЦИ БИДЕЈЌИ ШИРЕЛЕ КОРОНАВИРУС

/

Ресторан на „Мекдоналдс“ во јужниот кинески град Гуангжу им забранил на црнците да влезат бидејќи смета дека припадниците на таа раса шират коронавирус.

На социјалните мрежи се шири видеото на еден корисник што се обидел да влезе во ресторанот, но обезбедувањето не го пуштило. Тој го снимил ресторанот и натписот што го пречекал на влезот.

„Добивме информација дека црнците не можат да влезат во ресторанот. За ваше и наше здравје, ве молиме контактирајте ја полицијата за информации за самоизолација. Ве молиме, имајте разбирање“, се вели во натписот.



„Мекдоналдс“ веднаш го затворил споменатиот ресторан и јавно се извинил, велејќи дека таквата политика ги крши сите принципи и вредности што компанијата ги почитува и дека нешто слично нема да се случи повторно.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ДИРЕКТОРКАТА НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ДО ПЕНДАРОВСКИ: „ИМАМЕ ДОВОЛНИ КОЛИЧИНИ НА ЗАШТИТНА ОПРЕМА“

Следна статија

МАКРОН ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА „ОНИЕ КОИ ЈА СПАСИЈА“ НОТР ДАМ ДЕ ПАРИЗ

Најново од Вести