МАКРОН ИМ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА „ОНИЕ КОИ ЈА СПАСИЈА“ НОТР ДАМ ДЕ ПАРИЗ

/

Точно една година по пожарот што ја опустоши Нотр Дам де Париз претседателот Макрон објави порака на благодарност за сите оние кои ја спасиле и потоа работеле на обновата на катедралата.

Во видео објавено на социјалните мрежи францускиот претседател Емануел Макрон ја повторува „благодарноста на нацијата“ до „спасувачите, донаторите и градежниците“ на катедралата Нотр Дам де Париз. Тој вели дека сè ќе се стори за да се исполни петгодишниот рок за реставрација на Богородичната црква од Париз, јави дописникот на МИА, пренесува Инфоплус.

Точно една година по пожарот што ја опустоши Нотр Дам де Париз претседателот Макрон објави порака на благодарност за сите оние кои ја спасиле и потоа работеле на обновата на катедралата.

-Деликатно е да се зборува за било која друга тема, освен здравствената криза, која ги монополизира нашите мисли и нашите животи, признава Макрон.



Но, катедралата ги имаше и своите „херои“, кои претседателот сакаше да ги поздрави.

-Ништо не забораваме: ниту херојскиот бран на смелост што ја спаси катедралата од пламенот, ниту огромниот бран на великодушност, што се појави во деновите и неделите што следуваа. Војниците, полицијата, вработените во епархијата, мајсторите, архитектите … сите заслужуваат признание од нацијата, изјави Макрон.

Претходна статија

(ВИДЕО) КИНЕСКИ „МЕКДОНАЛДС“ ЗАБРАНИЛ ДА ВЛЕГУВААТ ЦРНЦИ БИДЕЈЌИ ШИРЕЛЕ КОРОНАВИРУС

Следна статија

ДРЖАВАТА ГИ ОСЛОБОДУВА КОМПАНИИТЕ ОД ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД И ДАНОК НА ДОБИВКА ЗА МАРТ АПРИЛ И МАЈ

Најново од Вести