| |

(Видео) Колев: Ако некои очекуваат дека македонските Бугари ќе се срамат од својата историја, цареви и војводи и ќе се откажат од своето достоинство, им порачувам дека ја погрешиле адресата

,Ако некој очекува дека Бугарите во Македонија ќе се срамат од својата историја, од своите цареви, од своите војводи, од луѓето кои го вложиле целиот свој живот како Иван Михајлов во борбата за нашата слобода и за нашите човечки правдини, ако очекуваат дека ние со лесна рака ќе се откажеме од нашето достоинство и од меморијата на нашите родови, ја погрешиле адресата. Вашата емисија се гледа во Скопје и се надевам дека многу внимателно ќе ја слушнат мојата порака од овој разговор. Ние немаме никаква намера да се откажуваме од почитта кон нашите цареви, нашите војводи, нашата историја и нашата култура.” Ова во емисијата Брисел 1 со водител Милена Милотинова, го изјави активистот за човекови права на Бугарите во РС Македонија, Петар Колев.

Во однос на законот за забрана на имињата на бугарските клубови во РС Македонија, Колев истакна дека само две земји во 21 век забрануваат невладини организации со закони и со ретроактивно дејство. Факт што според него останал незабележан во низата случувања околу клубовите ,,Иван Михајлов” -Битола и ,,Цар Борис III” – Охрид.

,,Само две земји во 21 век забрануваат невладини организации со закони со ретроактивно дејство- тоа се Руската федерација и РС Македонија”, изјави Колев.

Во однос на тоа што ќе се случи ако двата бугарски клубови бидат забранети, Колев беше дециден дека борбата за рамноправност на македонските Бугари ќе продолжи.

,, Повеќе од 100 години крвави раната Македонија. Ако некој во Скопје си мисли дека со забрана на два клуба ќе не откаже од тоа да си ги бараме правата, ќе го потсетам дека во 1934 година беше забранета ВМРО во Софија, но како што гледате и до денес македонските Бугари продолжуваат да ги штитат своите човечки права во РС Македонија. На оние кои си мислат дека со забрани ќе ги решат овие прашања, ќе им порачам дека македонските Бугари немаат намера да се откажуваат, да прават компромиси и да дозволат нивните деца да бидат индоктринирани со антибугаризам и омраза кон Бугарија. Нема да дозволиме некој да ја извитоперува нашата историја, да ја навредува нашата култура, без разлика дали мозокот на сето тоа се наоѓа во Скопје, Белград или Москва”, истакна Колев.

Целиот разговор на Петар Колев со новинарката Милена Милотинова погледнете го во видеото што следи:



Слични Објави