Одбележуваме 107 години од смртта на Христо Чернопеев- војводата што го напушти бугарскиот парламент за да умре како херој за честа и славата на Бугарија

//

На 6 ноември 1915 година во битка со француските единици кај селото Криволак, Штипско, загинал војводата Христо Чернопеев. Тој е капетан на бугарската војска, учесник во народноослободителното движење во Македонија и Одринско и началник на Струмичкиот округ на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Погребан е во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Ново Село, Штипско. По воспоставувањето на комунистичката власт во Македонија во 1945 година, неговиот гроб бил уништен. Во 2010 г. целото гробиште е раскопано и посмртните останки на бугарските војници се уништени.

Во Регионалниот историски музеј на Благоевград се сместени личните работи и оружјето на Чернопеев, вклучувајќи го и револверот со кој се борел во Првата светска војна, во која и загинал.

Револуционерниот пат на овој титан, привлечен од Борис Сарафов кон каузата, започнал во август 1899 година. Потоа Чернопеев ја напуштил службата како подофицер во бугарската армија и во септември пристигнал во Солун, каде под раководство на Пере Тошев, лекарот Христо Татарчев и Христо Матов, се ангажирал со воената обука на припадниците на ВМОРО. На 14 февруари 1900 година станал четник во четата на Михаил Апостолов Попето, дејствувајќи во Гевгелија и Ениџевардарско. Токму Михаил Попето го преименувал бугарскиот офицер Чернјо Пеев во Христо Чернопеев.

Од април 1900 година бил самостоен раководител на агитациско-организациска чета во Кукушко, чија цел, како и четите на уште двајца бугарски војници – Марко Лерински и Михаил Попето, била создавање селски комитети за воена обука на населението. Во одредот на Чернопеев се обучувале Михаил Герџиков, Сава Михајлов, Крсто Асенов, Александар Китанов, Петар Китанов, Мирчо Икономов, Никола Дечев и други идни истакнати дејци на ВМОРО.

Во февруари 1901 година, четата на Чернопеев ја водела првата голема битка со османлиските единици – 14 часа борби кај селото Бајалци, половина од четниците загинале во битката заедно со братот на Гоце Делчев, Мицо Делчев. Оваа битка го потврдила авторитетот на револуционерната организација во Кукушко и Гевгелиско.

Четата на Христо Чернопеев заедно со четите на на Крсто Асенов и Јане Сандански учествувала во аферата „Мис Стон“ во Пирин во 1901 година.

Чернопеев имал резерви во врска со одлуките на Солунскиот конгрес на Организацијата во јануари 1903 година да заземе курс кон непосредно востание. На 24 март 1903 година, четата на Чернопеев влегла во Македонија и во април водела неколку битки во Струмишко и Горноџумајско. Се вратил во Бугарија по муниција и оружје и повторно влегол во Македонија со 250 луѓе во август по избувнувањето на Илинденско-Преображенското востание.

Чернопеев водел неколку битки со османлиските единици во септември и на крајот на востанието се вратил во Бугарија.
Во 1915 година бил пратеник од Струмичкиот округ, но го напуштил парламентот и како резервен капетан заминал на фронтот, каде што бил командант на 1-та чета на 6-от полк на 11-та дивизија. Тој бил убиен во акција на француските единици на 6 ноември 1915.



Извор: Бугарска меморија

Претходна статија

(Галерија и видео) „Еден завет“- по едно бугарско знаме за секој загинат припадник на Првата пешадиска софиска дивизија

Следна статија

(Видео) Колев: Ако некои очекуваат дека македонските Бугари ќе се срамат од својата историја, цареви и војводи и ќе се откажат од своето достоинство, им порачувам дека ја погрешиле адресата

Најново од Вести