ПРАВА И СЛОБОДИ-ПОНИШТЕНИ И ПОГАЗЕНИ

//

Слики од населба Средорек во Куманово, по започнат полициски час. Времето е 16.15, а белиот автомобил во далечина е полициски. Луѓето се собрани за наводно делење на хуманитарна помош за социјално загрозени лица. Донатор – ?

Денешен број на заболени 711. Од тоа излечени 41, а починати 32. Однос излечени-починати приближно 1:1. Најголем број починати по жител на Балканот. Среќа што имаме благовремени и исправни мерки. Дали?
Неспособни едни, вас ве изненадува снег во декември и јануари, а не камо ли епидемија што четири месеци патува до Македонија. Кинезите за 10 дена направија болница, вие за многу повеќе дигнавте монтажен Клинички Центар (читај полска болница).

Секојдневно ограничување на човековите права, се до крајно дерогирање на сето она што значи да си човек. После ова ќе треба да се бориме за да дојдеме на нивото од основни права и слободи-прва генерација, а оние од петта геренација ќе ни бидат мисловна именка.
Ништо од овие ригорозни мерки кои ги користите денес немаше да биде потребно, ако реагиравте навреме и ја предвидовте опасноста која ни се наближува. Денес пак селективно вршите тестирање на населението и она што сите апелираат тестирај, тестирај, тестирај вам ви е лоша пракса. Имате вие решение, а тоа е земање брисови од помалку, правење на резултати за неколку дена (недела неработен ден, па тогаш нема заразени или ги има минимално-2 за Куманово) и болеста сама ќе исчезне.

Дајте по примерот на Туркменистан забранете го поимот коронавирус и проблемот решен. И онака знаете дека природата не можеме да ја победиме. Барем постмортем ќе утврдувате (како и до сега) дека лицата ни починале од некоја непозната болест. Пишете Виша сила-Господова волја.
Барем ќе го спасите Буџетот-оној издуваниот. Нема да ја делите великодушната помош од 14.500 денари како плата на работниците (читај бруто платa составена од придонеси и само 9.000 плата на сметка) Ќе има повеќе за делење на вашите тесно партиски функционери и војници.
Само Господ да им е на помош на заразените и нивните семејства. Бог да ги прости починатите. Ние останатите ќе ви бидеме трн во око што ќе бара одговорност за сѐ и од секого. Ние не простуваме.



Автор: Перица Спасовски, претседател на ГДУ-Куманово

Претходна статија

(ПОТРЕСНО ВИДЕО) МАКЕДОНИЈО ДО ОВДЕ ЛИ ДОЈДОА СТАРИТЕ ЛУЃЕ?!

Следна статија

(ВИДЕО) РАСТЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ЛУЃЕТО СМЕСТЕНИ ВО ДРЖАВНИТЕ КАРАНТИНИ

Најново од Истакнато