Лефков: Пендаровски во својот мандат призна дека да не е претседател и тој би се иселил
Стево Пендаровски призна дека со СДС и ДУИ нема услови за живот во Македонија, да не е претседател и тој би се иселил, изјави на прес-конференција, Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.
„Стево Пендаровски пред четири години призна дека ситуацијата во државата е толку лоша што и тој размислувал да се исели, и доколку не би бил претседател тоа и би го сторил. Стево Пендаровски живее во Македонија само затоа што е претседател и ги има сите привилегии кои му ги дава функцијата. И додека тој е претседател, а СДС и ДУИ власт, се повеќе граѓани ја напуштија Македонија, затоа што тука живеат на работ на сиромаштија. Со оваа изјава Пендаровски потврди дека во Македонија со СДС и ДУИ нема услови за живот за граѓаните и оние кои не се на функции поставени од власта. Оваа изјава на Пендаровски ја отсликува тажната реалност која ја живеат граѓаните секој ден, и кои секојдневно се борат со оваа власт која го накалеми на позицијата претседател“, рече Лефков.
Како што додаде, сега Пендаровски сака повторно да биде претседател, и го гази достоинството на народот и на државата.
Пендаровски претходно денес формално ја објави својата кандидатура..

