| |

(ВИДЕО) ЉИТА: ЈУГОСЛОВЕНСКИТЕ КОМУНИСТИ УБИЛЕ И ИСЕЛИЛЕ 300 ИЛЈАДИ АЛБАНЦИ

Југословенските комунисти од ноември 1944 година до мај 1945 година во албанските територии на тогашна Македонија, Косово и Црна Гора, без судење, убиле околу 50 илјади Албанци, открива во екслузивно интервју за Zoom.mk, историчарот од Скопје, Ќерим Љита.

После АСНОМ до завршување на Втората свестска војна, Љита тврди дека македонските комунисти извршиле неколку масакри врз цивилното албанско населние, како што се масакрите во селата Руница, Блаце, Сопот и Зајас, а сличен масакар бил извршен и во градовите Гостивар и Тетово.

„Од декември 1944 година, до јуни 1945 година, на овие територии, македонската народна власт, уапси над 800 Албански дејци, поради единствена причина што не ја прифатија комунистичката идеологија и најголем дел од нив, во брзи судски процеси,  таканаречни воени процеси, беа осудени на смрт со стрелање, додека другите се осудени на драконски казни и беа по затвори до 60-тите години на минатиот век“, истакнува Лита.

Тој открива дека комунистите убиле без суд и комунистите Албанци, како Хамди Дема и Ќемал Аголи, поради тоа што тие се спротивставвувале на теророт на комунистичката власт против Албанците.

Според него, веднаш после војната комунистите се впуштиле во борба против иделошките противници, како што биле членовите на Албанската НДШ, ВМРО и турската Јуџел, кои во брзи судски процеси, во кои паѓат три смртни пресуди и долгогодишни години во затвор.

„Судењето заврши на 7 февруари 1947 година, каде беа изречени многу тешки казни, четворица беа осудени на смрт со стрелање, добар дел од нив беа осудени со 20 години затвор, што беше максимална затворска казна тогаш,  а останатите со затворски казни од пет до 18 години затвор“, вели Љита.

Во врска со иселувањето на Албанците во Турција, Љита тврди дека во првите дваесет години од завршување на војната, југословенските комунисти насилно претерувале над 250 илјади Албанци во Турција.

„Според изјавата на самиот тогашен комунистички македонски лидер, Лазар Колишевски,  до четвртиот Брионскиот пленум одржжан во 1966 година, кога паднаа тогашниот фамозен дует, српските улстра-националисти, Ранковиќ-Стефановиќ, вели самиот во неговата изјава, успеавме да иселиме 250 илјади Албанци“, потсетува историчарот.

Освен против Албанците, Љита тврди дека терор и насилство имало и против словенскиот елемент во Македонија, кој не ја прифатил југословенската конунистичка власт и биле етикетирани како бугараши. Тој смета дека водачите на ВМРО стравувале дека во Југославија македонскиот елемент ќе се србизира.

„Сите документи зборуваат дека на овие простори словенското население се чувствувале како Бугари. Самиот Крсте Петков Мисирков, во неговиот дневник, објавен во 1916 година, самиот се изјаснува како Македонски бугарин, во оваа форма“, вели Љита и додава дека како Македонци почнале да се идентификуваат после АСНОМ 1944 година, на што имаат право.

Во продолжение проследето го интегрално интервју со историчарот Ќерим Љита:

ZOOM.MK: Дали можете да ни направите краток пресек како југословенската власт од оддржувањето на АСНОМ до завршување на Втората свестка војна се однесуваше кон Албанците во Македонија?

ЉИТА: На втори август 1944 година во манастирот Прохор Пчински, се оддржа првото заседание на АСНОМ ,каде според документите, не кажувам јас, не учествувал ниту еден Албанец. И таму не се спомнуваат воопшто Албанците и таму се одлучува да се создаде Македонија како држава во рамките на југословенската федерација. Според тоа, Македонија се дефинира не како мултиетничка држава, туку како национална држава на македонскиот народ, без да се спомнат другите народи.

Потоа во централното раководство се кооптира Ќемал Аголи и се објавува еден повик или манифест, каде освен Македонците се повикуваат и Албанците, каде се етикетираат како Арнаути, да учествуваат во Национално движење за ослободување на Македонија од шафистичките освојувачи и внатрешните непријатели.  Како резултат на тоа, во август 1944 година,  се формира четвртата Албанска бригада во Кичево, која до септември достигнува бројка до пет илјлади борци. Оваа бригада заедно со 15-иот армиски корпус на Македонија, учествува во борбата против албанските националисти затоа што овде немало војна против Германиците затоа што тие без отпор се повлекле. Воени дејства овде се водени помеѓу комунистичката албанско-југословенска коалиција и единиците на албанските националисти, кои незадоволни од рацепувањето на албанските територии, затоа што овие територии што беа дел на југословенското кралство, се поделија на три републики, Косово се прогласи како автономен округ, во рамките на Република Србија, Прешевската долина не се соедини во Косово, дел од албанските територии припаднаа во Црна Гора, и дел во тогашната Народна Република Македонија. Значи дека Албанците се поделија на три Републики и покрај тоа што нивниот број беше голем и териториите беа компактни.

Целото интервју прочитајте го овде.

Извор: zoom.mk



Слични Објави