| | | |

(Видео) Македонската крвава Коледа: Убиените во заборав, споменици за џелатите

Убиените во масовни гробници, за убијците – споменици. На Балканот слободата чини многу скапо, а Македонија ја плаќа највисоката цена во изминатиот век, пишува БГНЕС.

„Убиј го непријателот!“ – тоа го прави на крајот на 1944 година и на почетокот на следната година насилно наметнатата нова власт во Скопје. Таа го прогласува за непријател сопствениот народ. Во јануарскиот терор од 1945 година, познат како „Македонската крвава Коледа“, најнапред се ликвидираат неподобните, а потоа се наметнува верувањето: сакај го поробувачот, мрази ги своите предци! Југословенскиот диктатор Тито ја доверува задачата на некои од своите најверни егзекутори – Светозар Вукмановиќ-Темпо и Милован Ѓилас. Списоците на осудените се подготвени од македонскиот комунист и србоман Лазар Колишевски. Неговиот татко е бугарски ополченец, а самиот Лазар во 1941 година пишува писмо до цар Борис III, во кое се определува како Бугарин. Лазар моли смртната пресуда, изречена за неговата комунистичка дејност, да биде укината. Царот ја уважува молбата, а Колишевски кратко време поминува во бугарски затвор.

Неговите жртви исто така лежат – кај Скопје, Велес, Штип, Прилеп и Битола.

Колишевски го насочува колежот под покровителство на Одделението за заштита на народот (ОЗНА) – тајната полиција на Белград, подоцна позната како УДБА. Илјадници невини загинуваат од нејзината рака врз основа на скалапени обвиненија. По наредба на Темпо се селектираат учители, свештеници, лекари и градоначалници. Обични луѓе се прогласуваат за „непријатели на народот“, „предавници“ или „соработници на окупаторите“. ОЗНА е единствениот (псевдо)закон и суд. Во следните години десетици илјади се испраќаат во концентрациони логори.

Луѓето што денес се сеќаваат на овие злокобни злосторства се малкумина – и во Северна Македонија и во Бугарија. Наследниците на убиените во Македонија не ја знаат судбината на своите дедовци, татковци, браќа или братучеди. Жртвите во Словенија, Хрватска, Црна Гора и Босна најдоа мир затоа што се паметат. Тука, пак, злокобната носталгија по едно ропство ја мие крвта на предците.

Голем дел од досиејата на УДБА сè уште не се откриени, архивите се недостапни.



Слични Објави