|

(Видео) Макрон снимен како пее традиционална песна на улица

На интернет се појави видео од францускиот претседател Емануел Макрон како пее традиционална песна на улица по вчерашното телевизиско обраќање.

Во своето обраќање тој се обиде да ги смири тензиите околу неговата непопуларна пензиска реформа.

На видеото се гледа како Макрон од телефон ги чита зборовите на Le Refuge, песна за кабина во планинскиот венец на југозападната граница на Франција со Шпанија.

🤮France’s President Macron seen singing in the streets after pension reforms address pic.twitter.com/rAuHQjWeVH

— Truthseeker (@Xx17965797N) April 18, 2023

Многу корисници на мрежата се сомневаа дека видеото е фалсификувано со помош на вештачка интелигенција или други средства кога првпат се појави, но луѓе блиски до Макрон изјавија за АФП дека тоа е вистинско.



Слични Објави