(Видео) Малата Данаја со потекло од Бугарија ги воодушеви жирито и публиката во „The Voice Kids Germany“
Мало девојче родено во Германија во семејство на емигранти од Бугарија го воодушеви жирито на музичкото шоу „The Voice Kids Germany“ со својот глас. Данаja учествува во шоуто откако нејзината сестра Алиса ја пријавила без таа да знае, непосредно пред истекот на рокот за пријавување.
На „слепите аудиции“ Данаja ја извела песната „Hallelujah“ од Леонард Коен. Уште по првите тонови сите четворица тренери ги свртеа столчињата, а публиката ја поздрави со долг аплауз. По настапот, младата пејачка го избра Алваро Солер за свој ментор, бидејќи ја сака неговата музика.
Данаја живее со своето семејство во градчето Корб, близу Штутгарт, каде што често пее во црковниот и во училишниот хор. Иако никогаш не посетувала часови по пеење, од мала покажувала изразен музички слух. Покрај пеењето, учи пијано и гитара, а самостојно се обидува да свири и на виолина.
Нејзиниот настап во „The Voice Kids Germany“ на социјалните мрежи има милиони прегледи. Во родниот град Корб таа веќе е препознатлива, а жителите и локалните власти јавно го пофалија нејзиниот талент.
Иако е родена во Германија, Данаја зборува одлично бугарски и секое лето го посетува градот Ќустендил, од каде што потекнуваат нејзините родители.
Со учеството во „The Voice Kids“ таа веќе ја исполнила една од своите големи желби – да настапи на голема сцена. Нејзиното семејство истакнува дека за нив најважно е што Данаја го остварила својот сон и ужива во искуството, без оглед на конечниот резултат во натпреварот.

