(ВИДЕО) МИЈАТА СО РЕЖИСЕРСКО ДЕБИ ВО СВОЈОТ НАЈНОВ ПРОЕКТ „МАСКА“

Денеска официјално излезе видео записот за песната „Маска“ на Мијата.
Оваа песна стана дел од радискиот етер уште пред еден месец а сега се здоби и со спот.  Покрај автор на музиката и текстот на песната Маска, Мијата се јавува и како режисер на ова уникатно видео издание.

loading...

Додека аудиото соработката беше со Дамир Пух и Наташа Миха, за видеото да биде како што е голема заслуга имаат танчерките од денс студиото Dancers United, и нивната кореографка Сара Кочан. Сниматели се Сашо Доковски и Тони Стојановски, а монтажата и постпродукцијата се на Били од Artistic Production.

Мијата неизмерно смело настапува во своите творби како музички /текстуално така и визуелно. На својата фејсбук страница Мијата напиша:

„Драги мои, повелете уште едно видео издание – овој пат официјалниот спот за песната ~МАСКА~. Ова е мое самостојно режисерско деби и целиот процес на реализација ме одведе во нови познанства, соработки и искуства.Бескрајно сум благодарна на сите од тимот што овозможија да се реализира мојата визија. Јас уживав во правењето… Сега задоволството е заедничко…“


loading...


Нумерата „Маска“ е дел од нејзиниот втор албум кој е во најава за оваа година.