Милков: За нас е потребно да разговараме со РС Македонија како држава со држава

//

Со PC Mакедонија имаме шанса да ги решиме проблемите кои постојат со децении, и во однос на кои не е работено сериозно. Тие проблеми не се решени, но имаме механизам усвоен од бугарскиот парламент, се работи за францускиот предлог, тој е усвоен и од парламентот на РСМ и пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорните прашања. Ова за БНТ го изјави министерот за надворешни работи Николај Милков, пренесува БГНЕС.

Има изгледи за вакво подобрување, што се однесува до нашата работа со владата на РСМ, загрижувачки се обидите на опозицијата да ги искористи ставовите на дел од населението за различни цели. Има сили кои со силен отпор поставуваат лажна дилема – европското членство или идентитетот на РС Македонија. Не е така, европското членство се поврзува со преоценување на минатото и со голем број пропагандни клишеа. Пред да влезе во ЕУ, секоја земја мора да се раздели со дел од овие лажни парадигми во историскиот процес, категоричен е Милков.

Оваа катарза мора да се доживее и таму. Би сакал да се формира национален консензус во РСМ, не можеме да се потпираме и да разговараме само со една политичка партија, треба да разговараме како држава со држава, потенцира Милков. За да не случи луѓето со бугарска самосвест во РСМ да ја загубат вербата во институциите, кои се повикани да ги заштитат и нивните права, рече Милков.



Според него, институциите таму не треба да се користат за репресивни цели. Ни треба многу појаснување од нашите македонски партнери. Доколку има пријави за прекршоци, соодветно ќе реагираме. Со зголемено внимание ја следиме состојбата и испраќаме сигнали дека треба да се воздржуваме од практики користени во минатото, рече Милков.

Претходна статија

Во водите на Охридско езеро пронајдена рачна бомба

Следна статија

Русковска денеска ќе поднесе жалба до Советот на јавни обвинители

Најново од Вести