(ВИДЕО) МЛАД БУГАРСКИ ИСТОРИЧАР СО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА 33 ВЕРСКИ ОБЈЕКТИ ОД РЕОНОТ НА ЌУСТЕНДИЛ И СТРУМИЦА

Триесет и три верски објекти од регионот на Ќустендил и Струмица се најдоа во истражувањето на младиот бугарски историчар Јавор Митов. Самиот тој во своето гостување во емисијата „Линија-култура“ тврди дека тоа не се сите свети места што можат да се посетат во општините Ќустендил (Бугарија) и Струмица (РС Македонија).

Што ќе раскаже за црквата изградена од цар Самоил во струмичкото село Водоча и за познатиот струмички зограф Василиј, кој го работи манастирот Св. Мина во Ќустендил, погледнете во видеото што следи: