|

(Видео) Ние сме во војна, рече премиерот на Израел

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху рече дека земјата е во војна по ненадејниот напад од Хамас утрово, јавува Си-ен-ен.

„Граѓани на Израел, ние сме во војна – ова не е операција, туку војна“, рече Нетанјаху во видео пораката и додаде дека Израел ќе победи.

Netanyahu: We are at war.#Israel https://t.co/3bCtSxqirN

— RedStateSupport 🦅 (@RedStateSupp) October 7, 2023

Во видеото, Нетанјаху објаснува дека Хамас утрово спорвел изненадувачки убиствен напад врз државата Израел и нејзините граѓани.

„Ги повикав раководителите на системот на безбедност, пред сè дадов инструкции за чистење на населбите од инфилтрирани терористи. Таква акција се спроведува во моментот“, порача Нетанјаху.

Потврди и дека наредил обемна мобилизација на резервисти и најави одговор со обем каков што непријателот досега не видел“.

Ги повикува граѓаните на Израел да се придржуваат на упатствата и инструкциите на војската.



Слични Објави