ВИДЕО: ОВОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ ЛУЗЕР: СТАВИ ДВЕ ТЕТОВАЖИ И ДВАПАТИ СЕ ПОСРАМОТИ
Лидс јунајтед и македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски не успеаа да се пласираат во Премиерлигата, иако имаа предност од 1-0 против Дерби каунти во полуфиналето од плејофот, но на домашен терен загубија со 2-4.
Еден од навивачите на тимот, Џејми малку подрани со прославата, па на себеси истетовирал дека неговиот тим е шампион.
Сепак, Дерби одигра одличен меч и победи со 4-2, па екипата која ја води Френк Лампард ќе игра против Астон Вила за пласман во Премиерлигата.
Меѓутоа, не е оваа тетоважа единствена која ја направил несреќниот навивач. Тој минатата година реши да истетовира дека Англија ќе стане светски шампион.
Секако, такво нешто не се случи, а Англија стигна до полуфинале, кадешто загуби од Хрватска, па сега Џејми има две тетоважи без никакво значење.
Извор: Спорт1
