|

(Видео) Панова побара Адеми да ги тргне филџаните ако има околу него, оти последен пат ги фрлал низ собраниската сала

Пратеничката Ели Панова му рече на претседателот на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми да ги тргне филџаните околу него, оти последен пат биле фрлани по салата. На колегите од опозицијата им порача: „вашиот тајмер, вашето време е истечено“.

„Вакво дрско и безобразно однесување одамна не сме виделе, затоа што одамна не сме имале кражба каква што е оваа. Односно помина пола година, откако летаа последен пат филџани, ако имате филџан ве молам да го тргнете на страна за да не настрада некој од нас“, му рече Ели Панова, алудирајќи на физичката пресметка на Комисијата меѓу Адеми и Антонио Милошоски.

Таа на пратениците од опозицијата им рече дека дека со договорот на „Бектел и Енка“ планираат кражба. Им рече: „Треба да се засрамите, бидејќи и нашите деца ќе ги плаќаат парите за кои сега се задолжувате, но вашите џебови ќе бидат полни“.

„Слушна и ЕУ и опоменуваа, заедно со граѓаните. За денес, на седницата на Собранието да бидат изгласани предлог закони по скратена постапка, со злоупотреба на европско знаменце и за 15 минути да бидат ставени на оваа седница којашто, замислете до сега немаше дневен ред. Не знам како вие колеги пратеници се спремивте да дискутирате за овие точки кога долго гледаме дека коментирате, а ниту го имате видено договорот, ниту знаете за што станува збор, сте потпишувале предлог закони кои ги повлековте, па премиерот се криеше зад вас“, рече Панова.
Видеото може да погледнете ТУКА

Слични Објави