| | |

(Видео) Перев: Македонските Бугари се против идејата за реципроцитет во однос на нивното внесување во Уставот на Република Северна Македонија

Македонските Бугари се против идејата за реципроцитет наметнувана од власта во Република Северна Македонија во однос на нивното запишување во уставот на земјата. Тие дури не размислуваат на таа тема, иако од власта во земјата, се врши притисок врз нив да лобираат во Бугарија, Македонците да бидат запишани во бугарскиот устав. Тоа во емисијата „Сижеа од денот“ на Радио Благоевград го изјави Владимир Перев, познат публицист и доајен на пишаниот збор.

Пред водителката Бојка Браткова, Перев кажа дека македонските Бугари дури одбиваат да размислуваат на таа тема.

,,Веќе неколку години власта во РС Македонија врши притисок врз бугарските организации, кога одиме на средби со претседателот и партиите, Парламентот и министрите во Бугарија, да се залагаме за реципроцитет. Во смисла, ставете ги Македонците во Уставот , за да бидеме признаени и ние. Такво нешто нема да се случи. Сите бугарски организации, одбиваме да размислуваме на таа тема. Ние сме подготвени никогаш да не станеме дел од македонскиот Устав, дури и да биде запрен патот на Македонија кон ЕУ, но бугарскиот Устав да не се менува со национални малцинства“, изјви во емисијата „Сижеа од денот“ на Радио Благоевград, Владимир Перев, соработник и редовен колумнист на порталот Трибуна.

„Јас тоа сум го кажал и на функционери и на политичари во Бугарија, секогаш го кажувам јасно, ние македонските Бугари никогаш нема да се согласиме ОМО Илинден или било која друга македонска, македонистичка, романска, турска, руска или не знам каква организација да стане дел од Уставот на Република Бугарија. “, додава Перев.



Слични Објави