| |

Димитров: Бугарија повеќе нема да биде евтина туристичка дестинација

Бугарија повеќе не може да практикува евтин туризам и нема да биде евтина дестинација, изјави министерот за туризам Илин Димитров по средбата со градоначалници од Варненскиот Регион, јавува БТА.

Димитров најави реформа на националните туристички центри и подобрување на правилата за концесионирање на морските плажи. Според него, клучни за развојот на квалитетен туризам се стабилноста на секторот, подобрата инфраструктура и транспортната поврзаност.

Главен приоритет годинава е обновувањето на германскиот пазар, откако Бугарија загубила 220.000 авионски седишта од Германија. Министерот соопшти и дека има најави за зголемување на бројот на летови до земјата.

Од 24 до 26 септември Варна ќе биде домаќин на настан на европскиот туроператор ТУИ, на кој се очекуваат 150 менаџери. Целта е да се воспостави соработка со компанијата за период од најмалку три години.

Во пресрет на Евровизија се водат разговори со аеродроми и авиокомпании за зголемување на воздушната поврзаност. Планирани се повеќе од 100 придружни настани, а се очекува пристигнување на над 1.000 новинари.



Слични Објави