Објавена е тридневна жалост во структурите на бугарското министерство за одбрана и бугарската армија
Со наредба на министерот за одбрана на Бугарија Атанас Запрјанов, 14, 15 и 16 септември 2024 година се прогласени за денови на жалост во Министерството за одбрана, бугарската армија и во структурите директно подредени на министерот за одбрана, соопшти ресорното министерство, пренесува БГНЕС.
Во знак на почит кон пилотите мајор Петко Димитров и постариот поручник Венцислав Данкин, кои загинаа во падот на борбениот тренинг авион Л-39ЗА, се забранува одржувањето на свечените манифестации, а се откажуваат и таквите планирани активности.
Министерството за одбрана изразува сочувство до роднините на загинатите.
Нека им е вечен споменот!

