| | |

(Видео) Петровски во К8: Српски политичари ја нарекуваат Македонија „Стара Србија“, власта молчи

Голем број политичари од Србија отворено тврдат дека Македонија е „Стара Србија“ и дека територијата неправедно им била одземена. Ова го изјави поранешниот директор на Државниот архив, Филип Петровски, во неговото синоќешно гостување во македонско-бугарскиот поткаст „Коридор 8“, јавува Дисидентски поглед.

Петровски додаде дека постојат ставови дека таа треба повторно да им биде вратена.

Тој нагласи дека загрижува фактот што за ваквите изјави речиси и да нема реакција во земјата, особено од страна на актуелната власт предводена од Христијан Мицкоски.

Дополнително, Петровски посочи дека дел од функционери на Владата учествуваат на заеднички настани со српски претставници, споменувајќи ги одбележувањата на Кајмакчалан и Зебрњак, што, според него, испраќа погрешна порака во контекст на ваквите политички ставови.

Изјавите отвораат прашања за надворешно-политичкиот пристап на земјата и за тоа дали институциите доволно реагираат на наративи кои го доведуваат во прашање суверенитетот на Република Северна Македонија.

Слични Објави