На 24 март истекува рокот за електронско пријавување на бугарските државјани, кои сакаат да гласаат во странство на парламентарните избори во Бугарија
До 24 март (вторник) 2026 г. бугарските државјани, кои живеат или престојуваат во странство и сакаат да гласат на претстојните парламентарни избори во Бугарија, ќе можат да се регистрираат електронски преку страницата на Централната изборна комисија во Бугарија. Оние граѓани кои нема да поднесат пријава, ќе можат да гласаат на денот на изборите со пополнување декларација дека не гласале и нема да гласаат на друго место.
На 19 април 2026 година во Република Бугарија ќе се одржат парламентарни избори. Право на глас имаат бугарските граѓани кои наполниле 18 години, не се под старателство и не издржуваат казна затвор.
Граѓаните што сакаат да гласаат надвор од државата треба однапред да поднесат пријава – писмено во дипломатско-конзуларно претставништво или електронски преку интернет страницата на Централната изборна комисија (ЦИК). Рокот за поднесување на пријавите истекува на 24 март 2026 година.
ЦИК најдоцна до 28 март 2026 година ќе ги утврди местата во странство каде ќе се отворат избирачки места, како и бројот на секции во секоја држава.
Оние граѓани кои нема да поднесат пријава, ќе можат да гласаат на денот на изборите со пополнување декларација дека не гласале и нема да гласаат на друго место. Дополнителни информации се достапни на официјалната веб-страница на ЦИК.

