(Видео) „Пирин пее“- емоција која се раскажува на деца и внуци
Во месноста Предел меѓу планините Рила и Пирин вчера и денеска се одржа соборот за народно творештво „Пирин пее“. Годинава во соборот зедоа учество повеќе од 1500 пејачи, музичари и играорци од цела благоевградска област. Соборот се организира под патронатот на претседателот на Бугариja Румен Радев. Повеќе за историјата на самиот собор можете да научите овде.
