(Видео) Боби Ристо: Ако се измени историјата, ќе ја снема омразата кон Бугарија, а ако ја снема омразата ќе ја нема и Македонија
Ако се измени историјата, тоа значи да се одземе омразата против Бугарија, а без омразата против Бугарија… нема Македонија. Ова во видео на познатиот бугарски новинар Мартин Карбовски, го изјави познатиот youtuber Боби Ристо, роден во Германија со потекло од Македонија, кој не го крие својот бугарски идентитет.
Боби Ристо го има каналот Bobby’s Perspective, а познат е во Македонија со фактот што самиот ја има откриено вистината за своето етничко потекло и отворено зборува за тоа дека е Бугарин.
„Имам многу голема надеж во младата генерација во Македонија. Јас контактирам со многу млади луѓе, они знаат за вистината. Интернетот игра многу голема улога и знам дека со интернетот, еден ден сите ќе ја видат вистината. Можеби не сега, но за едно 10 години ќе се знае вистината “, вели Боби и додава дека како што има математика и се знае дека 2+2 е еднакво на 4, така ќе се знае и за историјата на Македонија и на Бугарија и нема да може да се живее со тие лаги.
Во видеото Боби вели дека е оптимист и покрај фактот дека многу луѓе не го делат неговото мислење по ова прашање.
Погледнете го целото видео со Боби Ристо:
