|

Заврши средбата Путин-Нехамер

Разговорите беа „директни, отворени и тешки“, изјави австрискиот канцелар Карл Нехамер по денешната средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Нехамер е првиот лидер на Европската унија кој се сретна со Путин откако рускиот претседател нареди напад врз Украина на 24 февруари.

Иако Австрија генерално одржува поблиски односи со Москва од другите земји од Европската унија, тоа не е случај во последно време.

Нехамер изрази солидарност со Украина поради рускиот напад и ги осуди „очигледните руски злосторства“, додека неговата Влада им се придружи на другите земји од ЕУ во протерувањето на руски дипломати.

Пред состанокот, австрискиот канцелар рече дека целта на разговорите е да се промовира дијалогот меѓу Москва и Киев. Тој во саботата ја посети Украина.

Извор: zoom.mk



Слични Објави