ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГАЗИ БАБА ПОТВРДИ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

Градоначалникот на Гази Баба, Борче Георгиевски е позитивен на коронавирус, тој тоа го потврди утринава за „Фокус“.

„Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите“, вели Георгиевски.

Не е познато дали негови соработници од администрацијата во Општина Гази Баба ќе мора да одат во самоизолација.