| |

Одбележуваме 99 години од смртта на последниот цар на планините, големиот син на Македонија, водач на ВМРО и на македонските Бугари Тодор Александров

„Драги Тодоре,

Прости ми ти, нека ми простят и всички други, че изменям на Македония. Аз умирам тук.

Ще легна при моята мила Лора.

Целувам те, дълбоко трогнат от грижите, които положи за мене през дни на големи изпитания. Благодаря за тия деветстотин лева помощ от организацията, без които отдавна бих умрял от глад, наместо от куршум, както ми приляга.

Кажи на Македония, когато отидеш там, че нейният син (аз се считам за неин) умря в свободна България, увенчан с една най-мръсна клевета. И когато тя бъде свободна, нека един другар дойде на гроба ми и каже: “Поздрав от нашата майка мъченица – тя вече е щастлива!”

Предай моите сърдечни поздрави на домашните си!

Горещо стискам ръцете на Христо Матов и Хр. Татарчев и Ал. Протогеров.

Целувам те. Сбогом

Твоя Пейо“

(Писмо на големиот бугарски поет и комита на Организацијата, Пејо Јаворов до водачот на ВМРО, Тодор Александров, 1914 г.)

Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, штипско, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушов и Марија Хаџијанева-Поп-Орушова. Таткото на Тодор бил учител во Радовиш, просветител и надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби. Александров влегува во редовите на Организацијата многу млад (на 16 г.) додека е ученик во бугарското педагошко училиште во Скопје. По завршувањето на училиштето, Александров станува егзархиски учител во Виница, каде што работи за консолидирањето на Организацијата по тешката Виничка афера.

Во 1900-1901 е учител во Кратово, каде што соработува со Иван Шатев и Владимир Карамфилов. Токму братот на Иван Шатев, револуционерот Павел Шатев го убедува Александров да стане дел од групата на Гемиџиите, но Александров одбива.

За Александров, Шатев ќе напише дека, младиот даскал од Ново Село, бил „храбар, со бистар ум и бил подготвен да даде секаква жртва пред олтарот на слободата“.

За време на Илинденското востание е учител во Кочани и е одговорен за доставувањето на оружје за востаниците од слободна Бугарија. Учесник е во војните од 1912 до 1918 како офицер од Бугарската армија, командир на чета од Македоно-одринското ополчение.

Во 1919 г. заедно со генерал Александар Протогеров и Петар Чаулев влегува во Централниот комитет на возбновената ВМРО. За време на своето раководење со Организацијата Александров ќе биде запаметен со својот аскетски начин на живот и активното работење на терен како еден од најголемите синови на поробена Македонија. За него се знае дека ако со едната рака ја држел пушката со другата пишувал писма до владите на големите сили со цел да ги запознае со состојбите во Македонија и Одринско. Западните новинари го нарекуваат македонскиот Робин Худ. Александров бил познат освен по својата скромност и по тоа што не толерирал и бил посебно строг кон расфрлањето со пари на Организацијата.

Тодор Александров е убиен на 31 август 1924 г. од Штерјо Влахов и Динчо Вретенаров, блиски до петричкиот војвода на ВМРО, Алеко Василев-Пашата.

Човекот што посветил на револуционерното дело цели 27 години од својот живот ќе остане засекогаш запишан во историјата и меморијата на народот, како еден од најчистите луѓе што загинале за Македонија.

Бог да го прости Тодор Александров!



Слични Објави