|

(Видео) По бурата делови од Грција се непрепознатливи

Најмалку шест лица загинаа, повеќе од шест се’ уште се водат за исчезнати, а стотици се евакуираат секој ден по бурата „Даниел“ што ја зафати централна Грција.

Невремето предизвика лизгање на земјиштето, уништени патишта и мостови, потопени цели села и населби. Одредени делови од западна и централна Грција, каде ударите на невремето беа најсилни, денес се буквално непрепознатливи.

Во најпогодените подрачја, водата се подигна толку многу што на снимките од хеликоптер се гледаат само покривите на куќите, а некогаш плодното земјиште е целосно уништено.

This is Greece’s agricultural breadbasket, and one of the few flat areas in the country. No living memory exists of anything even remotely similar happening in the past. People being rescued by helicopter from their rooftops #ClimateCrisis #ClimateAction
pic.twitter.com/DJ6rBjOUkm

— George Tsakraklides (@99blackbaloons) September 8, 2023

Снимките од социјалните мрежи го покажуваат целосниот размер на катастрофата што ја погоди оваа земја.

„Ова е грчката ‘земјоделска кошница’, една од ретките рамничарски области во земјата. Не постои ниту едно живо сеќавање за нешто вакво што се случувало во минатото. Луѓето се извлекуваат од покривите со хеликоптери“.

Снимките од Астрица, во близина на главниот град Кардица, покажуваат дека спасувачките операции се во тек, а улиците се целосно поплавени.

Во градот Паламас, исто така во близина на Кардица, десетици луѓе останаа заробени во поплавените куќи, соопштија властите.

Копнениот пристанишен град Волос, планинскиoт регион Пелион и градовите Кардица и Трикала беа меѓу најтешко погодените области.

Од вторникот низ целата земја се евакуирани 820 лица, од кои 750 во регионот на Тесалија.



Слични Објави