(ВИДЕО) ПОЛИЦАЕЦ ИСПУКА КУРШУМ ВО ВОЗДУХ ЗА ДА СПРЕЧИ БЕГСТВО НА БАРАНО ЛИЦЕ

//

Во Тетово попладнево полициски службеник испукал предупредувачки куршум во воздух за да спречи 38 годишник да избега, при негово приведување поради распишана потерница, информираат од СВР Тетово. Настанот се случил на улицата Јане Сандански околу 16 часот, јавува Вечер.

„Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода В.Ф (37) од скопското село Студеничани по кого имало распишана централна потерница за издржување на 6 годишна затворска казна за сторено кривично дело трговија со луѓе. Пред да биде лишен од слобода В.Ф се обидел да избега поради што полициски службеник на СВР Тетово испукал предупредувачки куршум во воздух, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Приведениот е задржан во полициската станица во Тетово, по што ќе биде предаден за издржување на казната во скопскиот затвор.





Претходна статија

ДИМИТРИЕВСКИ: НЕГАТИВЕН СУМ НА КОВИД-19, БАРАМ ИТНО ДА СЕ ВРАТАМ НА РАБОТА

Следна статија

МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ НЕМА КОРОНА ВИРУС, НО ОСТАНУВА ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Најново од Вести