(Видео) Попетревски: И чистачката и директорот во Македонија се поставуваат со партиска книшка. Нема алтернатива на ЕУ
Обвинителството и судскиот систем во последните децении покажаа дека се свртуваат по принципот на сончоглед со доаѓањето на секоја нова власт.
Ова во интервју за БГНЕС го изјави македонскиот новинар Васко Попетревски, моментално главен уредник на „360 степени“.
Со него разговараме за причините за трагедијата во Кочани и за оние пред неа, за пороците на системот во Северна Македонија и за позицијата на владата кон евроинтеграциите.
„Најчестиот збор за она што се случува (во РС Македонија) е „системот“. Но, што значи системот? Тој ги претставува нормите, правните и моралните, и луѓето кои треба да ги почитуваат. За жал, во последните три децении се создаде политички систем во кој водат само партиите, во пракса – партократија. Која партија и да дојде на власт, се нафрла на колачот, особено кадровски. Гледаме апсурдни ситуации, а овој процес почнува од најниско ниво во државните институции. Од хигиеничарки и чувари, до директори, луѓето се поставуваат по партиска книшка. Се разбира, не се сите овие луѓе лоши и неспособни, но ризикот многу од нив да не се компетентни е огромен“, категоричен е Попетревски.
Новинарот наведува дека администрацијата е преоптоварена. Има инспекции кои немаат инспектори. Обвинителството и судскиот систем во последните децении покажаа дека работат на принципот на сончоглед со доаѓањето на секоја нова власт.
„Очигледно, нашите проблеми како општество се сериозни. Сега повторно се слушаат прашања дали конечно е дојдено време за ресетирање (рестартирање), да престанеме да ги користиме лични врски, да не се јавуваме на телефон кога треба да завршиме нешто и да стоиме во редици на шалтерите во институциите, да се залагаме за еднаквост пред законот. Но, се сомневам дека тоа ќе се случи, макар и да беа изгубени 59 животи во оваа трагедија.
Целиот напис прочитајте го во www.bgnes.bg
