| |

(Видео) Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова ќе испрати писмо до Советот на Европа за случајот со децата од ликовното студио Св. Кирил и Методиј во Битола

Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека подготвува писмо што ќе го испрати до Советот на Европа во врска со случајот со децата од Република Северна Македонија кои ја посетија Бугарија. Таа тоа го соопшти за време на своето гостување во емисијата „На фокус“ на бугарската Нова телевизија.

„За секој сличен случај ќе се испраќа сигнал на соодветно место во европските институции, рече потпретседателката.

Во сигналот таа ќе посочи колку работи се прекршени со општата повелба за човекови права, правата на децата, како се злоупотребуваат децата за сомнителни политички цели.

„Овие деца не дојдоа да се сретнат само со бугарските институции, тие дојдоа за да цртаат заедно со бугарските деца, за мир, соработка и добрососедство- што треба да биде основата на нашите односи“, рече Јотова.

„Бугарија нема да ја одржи втората меѓународна меѓувладина конференција, која треба да се одржи додека не почнат преговорите за Република Северна Македонија, се уште не сме го виделе текстот за измени на Уставот, а да не зборуваме дека не знаеме каква ќе биде нивната судбина“, рече потпретседателката.

„Сакаме да видиме како Република Северна Македонија ќе ги уреди своите приоритети за да ги заштити веќе потпишаните документи – протоколите и договорот за добрососедство“ – истакна таа, додавајќи дека нема нови услови кон Скопје, туку македонската страна треба да ги исполни веќе наведените барања што се дел од преговарачката рамка.

Слични Објави