| |

(Видео) Пендиков: Адвокатот на еден од обвинетите ми кажа да ја повлечам тужбата за да можам мирно да шетам низ Охрид

Секојдневно добивам закани, дури добив закана од адвокатот на еден од обвинетите, тој ми рече: „Повлечи ја пријавата против Илија за да можеш мирно да шеташ низ Охрид и да не се плашиш. Бевме во полицијата кога ми го рече тоа. Ова во емисијата „На фокус“на бугарската Нова телевизија го изјави Христијан Пендиков, секретар на веќе забранетиот бугарски клуб „Борис III“ во Охрид. Пендиков беше претепан на 19 јануари оваа година, заради својата бугарска самосвест.

Според неговите зборови, има намерно „одложување и одлагање на постапката во случајот за да не бидат осудени виновниците“.

Тој додаде дека го препознал и својот втор напаѓач.

„Пред да ме претепаат исто така добивав закани, сега кога видов дека тие што ме тепаа слободно шетаат по улица, што ќе се случи понатаму ако некој убие, и тие ли ќе се уште на слобода“, праша Пендиков.

Според него, политичките партии во Северна Македонија го провоцираат насилството врз македонските Бугари.

Што уште кажа Христијан Пендиков, пред бугарската новинарка Лора Крумова, погледнете во видеото што следи:

Слични Објави