ВИДЕО: ПОВЕЌЕ ОД 60 ЛИЦА ЗАГИНАА ВО БОМБАШКИ НАПАД ВО СОМАЛИЈА
Повеќе од 60-тина лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во Сомалија рано утрово, соопшти владината прес-служба.
Над 50 лица се повредени и се пренесени во болница.
Ова е еден од најсмртоносните напади во главниот град на Сомалија, Могадишу. Меѓу повредените има деца и студенти. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
