(Видео) Пристигна реакцијата на Америка за испраќање севернокорејски војници против Украина
Ако Северна Кореја испрати војници во Украина, тоа би било „опасен и загрижувачки развој на настаните“, соопштија синоќа Соединетите Американски Држави, додека Јужна Кореја и Велика Британија предупредија на високата цена што Москва ќе ја плати на Пјонгјанг.
„Во моментов се консултираме со нашите сојузници за можните последици од таков драматичен потег“, изјави заменик-амбасадорот на САД во ОН Роберт Вуд пред петнаесетчлениот Совет за безбедност.
Во февруари 2022 година, Русија ја нападна Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го обвини Пјонгјанг дека подготвува 10.000 војници да и помогне на Русија, а украинскиот амбасадор во ОН му рече на Советот за безбедност дека севернокорејските војници треба да бидат подготвени за војна во Украина до 1 ноември.
At least 11,000 North Korea troops have been initially deployed to support Russia’s ongoing invasion of Ukraine.
Footage shows them marching in Russia at a training ground. Expected to be ready for combat by November 1st. pic.twitter.com/b45jhgWgOH
— Anonymous (@YourAnonCentral) October 18, 2024
Јужнокорејската разузнавачка агенција минатата недела објави дека нејзините северни соседи веќе испратиле 1.500 припадници на специјалните сили во источна Русија, каде што треба да поминат низ аклиматизација и воена обука.
„Ако е вистина, тоа означува опасен и загрижувачки развој, како и се посилни воени врски меѓу Русија и Демократска Народна Република Кореја“, рече Вуд.
Кремљ одби да даде директен одговор на прашањето дали Северна Кореја им испраќа војници да се борат во Украина, но портпаролот Дмитриј Песков истакна дека соработката меѓу Москва и Пјонгјанг не е насочена против ниту една трета земја.
Британската амбасадорка Барбара Вудворд смета дека е „многу веројатно“ Северна Кореја да испраќа свои војници во Русија.
„Колку е потешко Путин да регрутира Руси за топовско месо, толку повеќе тој се потпира на Северна Кореја во неговата нелегална војна. Можеме да бидеме сигурни дека севернокорејското раководство ќе бара висока цена за возврат“, рече таа.
И јужнокорејскиот амбасадор Јонкук Хванг предвидува дека Пјонгјанг ќе има големи очекувања од Москва. „Тоа може да биде финансиска помош или технологија поврзана со нуклеарно оружје“, посочи таа.
Северна Кореја е под санкции на ОН од 2006 година поради нејзината нуклеарна програма.