| |

(ВИДЕО)ПРОФ. АНГЕЛ ДИМИТРОВ: „АКО ВООПШТО МОЖЕМЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА ОКУПАЦИЈА НА ВАРДАРСКА МАКЕДОНИЈА ОД БУГАРИЈА, ТОА Е НАЈЧУДНАТА ОКУПАЦИЈА ВО МОДЕРНАТА ИСТОРИЈА“

„Терминот „фашистички окупатор“ употребуван од страна на комунистичката пропаганда за време на Втората светска војна се претвори во јадро на антибугарската пропаганда во комунистичка Југославија.“, изјави проф. д-р Ангел Димитров, претседател на македонско-бугарската историска комисија од бугарска страна и поранешен амбасадор на Р. Бугарија во Република Македонија на онлајн дебатата на тема „Бугарското владеење со Вардарска Македонија 1941-1944 г.“ организирана од Македонскиот научен институт во Софија.


Во своето излагање проф. Димитров тврди дека чисто формално правно влегувањето на бугарските војски на територијата на Јужна Бановина (Вардарска Македонија) којашто во тоа време е под окупација на Кралството Југославија може да се нарече окупација, но појаснува дека бугарските војски не биле окупаторски, бидејќи секогаш окупаторот се прифаќа како непријател, туѓинец и агресор каков што не е случајот во тој период од време.


Проф. Димитров обелоденува и еден малку познат факт дека многу од припадниците на Бугарските акциони комитети, кои реално ја пречекуваат бугарската војска во Вардарска Македонија биле поврзани со левичарската организација ВМРО-Обединета, што според Димитров покажува дека дури и луѓето поврзани со малобројната тогаш комунистичка партија, многу јасно го штителе своето бугарско потекло.


„Ако воопшто може да се зборува за окупација, тоа е најчудната окупација во модерната историја“, вели професорот Димитров.



Слични Објави