| | |

(Видео) Проф. д-р Димитров: Во Скопје мислат дека нивните конекции со Унгарија ќе им помогнат за забрзана евроинтеграција

„Унгарија одржува добри односи со Бугарија. Но, во принцип, таа следи свои интереси кои излегуваат надвор од границите на заемната доверба. Ова главно се однесува на унгарските активности во Република Северна Македонија. Начинот на кој Орбан делува во Скопје потсетува на Австро-Унгарија, која се обидувала да ја конкурира Бугарија во овој регион. Во Скопје политичарите сметаат дека врската со Унгарија може да им помогне побрзо да се придвижат кон ЕУ. Тоа е едно многу неостварливо сфаќање.”

Ова во емисијата „Офанзива со Љубо Огњанов“ на бугарската Нова тв, го изјави копретседателот на историската комисија проф. Ангел Димитров, кој бил амбасадор во Скопје и Белград.

Во однос на репликите на Христијан Мицковски против бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев, Ангел Димитров вели: „Кога има две спротивставени позиции и едната страна нема сериозни аргументи, тие се надоместуваат со клевети, инсинуации и лични навреди.”

Проф. Димитров не очекува Мицковски да се извини.

Тој ја коментира и ситуацијата во Србија и претседателот Александар Вучиќ. „Во последно време национализмот се прегрнува со југославизмот, кој можеме да го наречеме србоманија,” коментира проф. Димитров.

Слични Објави