(Видео) Радев: Клучот кон европската перспектива на РС Македонија е почитувањето на човековите права на Бугарите во земјата

//

„Бугарија е најзаинтересираната држава за брз развој на прашањето за европската перспектива на РС Македонија и Албанија. Очекуваме правни гаранции за неповратни и стабилни решенија за развојот на нашите односи со РС Македонија“, изјави бугарскиот претседател Румен Радев пред бугарските медиуми за време на 16-тиот Бледски стратешки форум кој што се одржува во Словенија.

Радев подвлекува дека Бугарија е посебно загрижена за почитувањето на правата на граѓаните на РС Македонија со бугарска самосвест затоа што тоа е клучот за проширувањето на ЕУ.
„Почитувањето на правата и слободата за самоопределба, на граѓаните на РС Македонија кои со децении биле малтретирани и дискриминирани заради својата бугарска самосвест, треба да биде реалниот критериум кој што ќе докаже дека земјата го поминала патот на реформите и го надминала тоталитарното југословенско минато“, дециден е Радев.

Бугарскиот претседател вели уште дека во однос на прашањето за бугарската позиција за европската перспектива на РС Македонија разговарал со претседателот на европскиот Совет Шарл Мишел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји и ги запознал со бугарските ставови.



Повеќе погледнете во видеото што следи:

Претходна статија

Стевановиќ: Младоста не штити од ковид

Следна статија

Нова студија: Вакцината „Модерна“ создава двојно повеќе антитела отколку „Фајзер“

Најново од Вести