(Видео) Радуков: Како би гледал Гоце Делчев на постапките на оние кои го кинат бугарското знаме од венците?
Дипломати од бугарската амбасада во Република Северна Македонија, предводени од амбасадорот на Р. Бугарија во Скопје, Желјазко Радуков, претставници на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје и претставници на бугарската заедница во земјата денеска оддадоа почит на Гоце Делчев по повод 123-годишнината од неговата смрт.

