(ВИДЕО) РАСТЕ НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ЛУЃЕТО СМЕСТЕНИ ВО ДРЖАВНИТЕ КАРАНТИНИ

//

Лица кои се изолирани во ВИП Берово, а кои немаат никакви симптоми бараат итно да си одат дома , откако вчера тоа му било дозволено на лице кое наводно имало покачена температура:

„Момче кое се врати од Лондон со симптоми на корона вирус е пуштен во домашна изолација на домашно лекување а ние без симптоми треба да седеме 2 недели. Штом не ни прават тестови треба да си бидеме дома“ изјави Александар Георгиев од Виница.

Во државниот карантин во Берово се сместени околу 50 лица, на кои досега само им се мери температура. иако неколкумина од нив инсистирале да им се земе брис, тоа не е направено:

„Кога државата има донација тестови зошто не ни се направат ние сме овде 50 луѓе. Јас имам три деца и кога ќе ме пуштат незнам како ќе биде“ изјави Георгиев.

Нервозата особено е присутна кај оние семејства кои овде се со мали деца, а на кои не им е дозволено никакви излегување надвор:
„Тука сум со семејството и сите сме здрави. Болните седат дома а ние во карантин“ изјави Јасан Абдули, од Гостивар.

Од друга страна, надлежните информираат дека се работи за стандардна процедура. 
„Сите повратници од странство дојдени со хуманитарните летови подлежат на 14 дневен државен карантин. Дополнително, по напуштањето на карантинот, сите оние кои немаат симптоми , се обврзани исто толку време да поминат и во домашна изолација“, информираат од Министерството за здравство.

Инаку, условите во државните карантини се хотелски, а сите сместени добиваат три оброка дневно. Сместувањето , во зависност од објектот и условите е од две до шест лица во соба.





Претходна статија

ФИЛИПЧЕ: ТЕСТОТ НА ЗАЕВ Е НЕГАТИВЕН

Следна статија

УШТЕ ЧЕТВОРИЦА НОВИНАРИ НА КАНАЛ 5 ВО САМОИЗОЛАЦИЈА

Најново од Вести