| |

(ВИДЕО) РЕМЕНСКИ: ПРЕНЕСУВАТЕ ЗА МОЈОТ СОПРУГ, А НЕ И ЗА СВЕДОЧЕЊЕТО НА ЈАТРВАТА НА ШЕКЕРИНСКА

Поранешната министерка и пратеничка, Фросина Ременски, вели дека медиумите некоректно известувале за нејзиниот сопруг и случајот „Рекет“.

Таа денеска ги повика медиумите да ја проследат нејзината изјава пред Државната комисија за спречување на корупција, каде што имала состанок со антикорупционерите, а пред камерите се појави со доцнење од речиси еден час.

„Јас вчера во текот на следењето на медиумското информирање по однос на рочиштето за ‘Рекет’ видов многу хиперпродукција на информации, некои тековно беа менувани и коригирани со многу невистини и со многу шпекулации, па дури и јас требаше да се појавам денеска во Кривичниот суд според некои написи во медиумите.

Јас кажав дека не е проверена и не е точна информацијата дека мојот сопруг ќе биде сведок во „Рекет“, бидејќи и во согласност со законот јасно се прецизира кој може да биде сведок, а тоа е лице што на директен или индиректен начин може да посведочи за елементи од кривично-правен настан. Како што кажав и досега, и јас и моето семејство немаме никаква директна поврзаност со семејството Камчеви и со случајот „Рекет“ за да би можеле да бидеме сведоци во еден ваков случај“, рече Ременски.

„Меѓутоа, индикативен беше начинот како медиумите го пренесоа тоа – сопругот на Фросина Ременски, обвинет во случајот за Меѓународниот сојуз, а изостана, да кажеме, интересот, или можеби следењето на истата логика, да се каже дека јатрвата на Радмила Шекеринска вчера сведочеше во „Рекет 1“, така што тука го гледам навивачкото медиумско експлоатирање на информациите или медиумската некоректност бидејќи, ако веќе се ставаат епитети, коректно е барем да се ставаат до крај“, рече Ременски.

Извор: Макфакс



Слични Објави