(Видео) Ристова: Ги намаливме цените на над 500 прехранбени производи
Со конкретни мерки и политики СДСМ го штити стандардот на граѓаните. Цените на над 500 прехранбени производи, во 25 категории, се веќе намалени, истакна на денешната прес-конференција, Лолита Ристова, од СДСМ.
„Поевтинуваат лебот, млекото, јајцата, брашното, месото, оризот, сирењето, кашкавалот и многу други прехранбени производи.
Воведена е гарантирана цена, со што за стотици најкористени производи цената се намалува 10 % во однос на цената по што се продавале на 1 август.
Кај дел од производите кај кои е забележано енормно зголемување ќе има намалување на цените од 30 до 40 %.
Во согласност со најавите очекувано е понатаму и намалување на цените на пијалаците. Неколку наши домашни производители доброволно се вклучуваат во поддршка на мерката за гарантирана цена со намалување на цените од минимум 10 %“, соопшти Ристова.
Со оваа мерка, како што вели, е обезбеден пристап до поповолни цени на прехранбените производи, кои им се најпотребни на граѓаните.
Ова, според неа, е конкретна мерка во насока да се заштити стандардот на граѓаните и има широк опфат. Дополнително, ќе влијае и на намалување на инфлацијата.