|

(Видео) Сите пациенти годинава ја добиле препишаната доза и терапија, тврди директорката на Онкологија

Директорката на Клиниката за радиотерапија и онкологија Виолета Клисаровска вели дека како организациски тим тие се целосно достапни на надлежните и истражните органи со цел за брзо откривање на виновниците во однос на случајот со Онкологија. Таа апелираше надлежните институции, да донесат одлука и ако има виновници истите да ги именуваат.

„За нашата клиника ова е од непроценлива, огромна важност. За да се офтрли т.н. колективна вина која сега се наведнува над целата наша институција, односно над целиот медицински тим што ја руши довербата пациент – лекар што директно се одразува врз здравјето на граѓаните. Стручниот колегиум на клиниката најостро осудува секое несовесно и нестручно работење со молба и апел кон сите надлежните и медиумите да не се генерализира проблемот“ порача Клисаровска.

Таа тврди дека откако е на функција, период од ноември 2022 година дека секој пациент ја добивал препишаната терапија согласно индикацијата, дозата, типот на лекот според тоа што неговиот соодветен лекар тоа ќе го поставел и без никаква манипулација со лековите.

-Имавме информации и сомнежи за манипулации со лекови. Кога јас станав диркетока на клиниката на онкологија и радиотерапија подигната е безбедноста на патеката на лековите, од влез на клиниката до пациентот. Сестрата која ја фативме во повторен обид за кражба на лекови веднаш доби отказ, истакна Клисаровска.

Слични Објави