|

(Видео) „Сонот Бугарија – 150 години од Априлската епопеја“

Погледнете ја специјалната емисија на Бугарска национална телевизија „ Сонот Бугарија – 150 години од Априлската епопеја“, со водител Бојко Василев и ководители младите историчари Марио Мишев и Иван К’нчев.

Емисијата на современ начин ги претставува настаните и емоциите од пролетта 1876 година и нуди актуелен прочит на Априлско востание, со акцент на гледиштата на младите за иднината и визијата за „Сонот Бугарија“.

Серијата „Очевидците“ ја дополнува темата со сведоштва за востанието, интерпретирани од бугарски актери. Гости во емисијата се историчарите проф. д-р Вера Бонева, проф. д-р Пламен Митев, како и студенти, ученици и наставници.

Трета година во низа БНТ реализира специјални емисии „Сонот Бугарија“ посветени на значајни датуми од бугарската историја. Програмата е дел од кампањата по повод годишнината од Априлското востание. Во текот на април БНТ ќе емитува филмови, документарни и публицистички содржини поврзани со востанието.



Слични Објави