(Видео) Станков: Позицијата на Бугарија во однос на РС Македонија не е рецидив од времето на Тодор Живков

///

Позицијата на Бугарија во однос на РС Македонија и нејзиниот влез во ЕУ не е рецидив од времето на Тодор Живков. Ова го изјави психологот и доктор по политички науки Георги Станков во емисијата „Hyde Park“ на порталот Трибуна.

„Позицијата на Бугарија не е рецидив од времето на Тодор Живков. Живковистичката ревизија на историјата е одамна отфрлена. Бугарскиот парламент пред повеќе од 20 г. изгласа закон со кој комунистичкиот режим се смета за криминален“, вели Станков.

Според него основниот момент во бугарската позиција е континуитетот на припадноста на луѓето што зборуваат словенски дијалекти на една многу голема територија на Балканот.

„Овој континуитет има времетраење од 1000 години и повеќе, на моменти бил многу силен, тогаш кога бугарската држава била силна, да речеме во средните векови и за време на Преродбата. Во одредени моменти бил слаб или се преплетувал со други идентитети“, вели Станков.



Во рубриката „5 минути со… Владимир Перев“, нашиот редовен колумнист Владимир Перев и главен уредник на емисијата Hyde Park разкажува за семејната гробница на семејството Чкатрови во Прилеп.

Погледнете ја емисијата Hyde Park во видеото што следи:

Претходна статија

Бугарија нема повеќе да ја проблематизира употребата на скратеното име на нашата држава

Следна статија

Истражување: Една третина од починатите од Ковид всушност починале од други болести

Најново од Вести