(Видео) Во храмот „Света Софија“ се составува саркофагот за цар Самоил, Бугарија се подготвува за државниот пречек на посмртните останки
Саркофагот во кој ќе бидат положени посмртните останки на цар Самоил се составува во храмот „Света Софија“ во Софија. Подготовките во храмот се одвиваат еден ден пред Бугарија официјално да ги пречека останките на средновековниот владетел со државна церемонија на плоштадот „Кнез Александар I“, јавува БГНЕС.
Погледнете го видеото:

