(Видео) Страшни последици по уривањето на браната – околу 100 луѓе се заробени во поплавите, илјадници животни пцовисаа
Околу 100 луѓе во градот Нова Каховка се заглавени, а илјадници диви животни пцовисаа како последица на уривањето на браната Каховка на Днепар, соопшти денеска рускиот градоначалник на тој град под руска контрола, Владимир Леонтиев.
Тој кажа дека во секоја секунда се излеваа повеќе од 30.000 кубни метри вода и додаде дека се преземаат спасувачки напори за ослободување на луѓето затрупани во поплавите, пренесува Ројтерс.
Украинските власти споделуваат видео на социјалните мрежи за кое тие тврдат дека покажува риби како се препелкаат во калта од надојдените води на реката Днепар.
Рукотворний екоцид, який здійснює росія. pic.twitter.com/6CDSBPXNaa
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) June 7, 2023
Видеото го објави и Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Екоцид во режија на Русија“, напиша Јермак.
„Седум лица се уште не се пронајдени“ објасни Салдо.
Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништувањето на браната, што предизвика поплавите да се прошири низ воената зона и принуди илјадници луѓе да се евакуираат.
Некои експерти веруваат дека браната можеби се урнал поради претходно оштетување и силен притисок врз неа.