(Видео) Ташев: Скопје нема како да не го исполни барањето за правата на Бугарите во РС Македонија

//

Скопје има една утврдена идеолошка шема, која што се нарекува дебугаризација. Поради таа причина се обидува да искористи секакви потези, за да го заобиколи основното бугарско барање, да бидат зачувани бугарските национални интереси. Тоа во емисијата „Денот почнува“ на Бугарската национална телевизија го изјави доц. Спас Ташев од Институтот за истражување на населението и човекот кон Бугарската академија на науките.

„Ние тргнавме од историјата, таа има силна сентиментална вредност за секој Бугарин, но стана јасно дека историјата како порака не им говори ништо на нашите евроатлантски партнери, поради тоа беше направена делумна надградба на приодот кон РС Македонија, Бугарија го сврти своето внимание кон човековите права“, потсети Ташев.

Според Ташев во тој приод Бугарија најде еден сојузник, на кого се уште не му се обрнува доволно внимание, а тоа се самите македонски Бугари. Тие го покренаа прашањето за тоа дека се дискриминирани маргинализирани.

„Тие се обратија кон бугарскиот претседател и ги објаснија сите тие прекршоци“, вели Ташев.

Нивните барања најдоа на разбирање и за прв пат пред 2 месеца во Словенија, Радев многу јасно ги формулира бугарските цели- т.нар. приод „5+1“.

Човековите права се во центарот на нашите цели, вели Ташев и додава дека земјите на чиј дневен ред беше членството на РС Македонија во ЕУ, веќе почнуваат да имаат некакво разбирање кон бугарските позиции.

„Мислам дека Скопје нема како да прави маневри со таков приод бидејќи нема како да откаже да ги исполни барањата“, вели Ташев.



Според Ташев ветувањето на премиерот во оставка Заев дека правата на Бугарите во РС Македонија ќе бидат дадени откако РС Македонија ќе стане дел од ЕУ е дискриминација.

Тој го коментираше и фактот дека РС Македонија води медиска војна финансирана од Владата, која лиферува невистинити информации за Бугарија, затоа додава Ташев Бугарија бара и да запре говорот на омраза.

Ташев е категоричен дека Бугарија нема да отстапи и од темата за историјата, туку и ќе ја надгради.

Претходна статија

Оставката на Заев повлекува оставка на цела Влада, еве што предвидува Уставот

Следна статија

Џафери: Владата е во оставка, нема потреба да има пратенички прашања

Најново од Вести