РАМКОВНИОТ ДОГОВОР НЕ ГИ ИСПОЛНИ СИТЕ ОЧЕКУВАЊА НА АЛБАНЦИТЕ

Вести Истакнато Македонија

Шефик Дураку во своето гостување на АЛФА ТВ, изјави дека рамковниот договор не ги исполнил очекувањата на Албанците, а тоа се економски напредок, социјална правда, стабилизација на држатава. Тој нагласи дека освен етничките квоти и предностите при вработувања, седење дома и зимање плата, Албанците не добија никакви други придобивки од договорот кои тие се надевале да ги добијат, со што и Македонија би одела само напред, а Албанците би имале квалитетен живот во државата. За крај тој константира дека Албанците не се борат повеќе за права, туку се борат за понапредна и економски стабилна Македонија, во која сите ќе живеат исполнето.